ПРАГА-ДРЕЗДЕН -КАРЛОВИ ВАРИ -ВИЕНА
НОВА ГОДИНА
Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост се смета за еден од најдобрите и најпосетуваните градови во Европа.
Програма
1 ден: (28.12.2024) СКОПЈЕ – ПРАГА:
- Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.
2 ден: (29.12.2024) ПРАГА:
- Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативен панорамски разглед на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови индивидуална можност за прошетка низ центарот на Прага. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: (30.12.2024) ПРАГА - ДРЕЗДЕН - ПРАГА:
- Појадок. По појадокот предвидено е крстарење на реката Влтава. По крстарењето се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората Св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Ноќевање.
4 ден: (31.12.2024) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА:
- По појадокот предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за посета на традиционален чешки ресторан или чешка пивница или индивидуални активности за прошетки или шопинг. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Во договорено време враќање во хотел.Ноќевање.
5 ден: (01.01.2025) ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ:
- Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во пладневните часови на 02.01.2025
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ 110 евра
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 3 ноќевања со појадок во хотел Jeleni Dvur 3* на 2,5 км од центарот на Прага
(линк: https://www.hoteljelenidvur.cz/en/ )
- Oрганизиран разглед на Виена
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес
Во цената не е вклучено:
- Разглед на Прага со локален водич - 15 евра
- Факултативен излет на Карлови Вари - 35 евра
- Факултативен излет на Дрезден - 45 евра
- Крстарење по реката Влтава -25 евра
- Задолжителна туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
---|---|---|---|---|
28.12.2024 | 01.01.2025 | Активна | 14818 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |