Royal Seginus 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во Лара (Кунду) на 17 км од центарот на Анталија и 15 км од аеродромот во Анталија.
2
Сместување
    Вкупно 793 соби.

    Супериор стандардни соби (64 м², една спална со француски кревет + еден единачен кревет и купатило, макс. 3+1 дете).
    Делукс апартмани (170 м², ходник на влезот, една спална и една дневна соба со врата помеѓу, две купатила, едното е со туш/WC, вториот е со џакузи/WC, макс. 2+1 лице).
    Фамилијарен Дуплекс (120 м², приземје, соба со два единечни кревети + купатило со туш, горе на кат брачен кревет со купатило со када, одвоени со врата, макс. 2+2 лица).
    Јуниор апартмани (140 м², една спална и една дневна соба, две купатила, макс.3 +1 дете).
    Фамилијарни поврзани соби (80 м², ходник на влезот, две спални одвоени со врата, едно купатило, макс. 2+2 лица)
    Соби за лица со попреченост.
    Собите се со купатило со туш кабини и фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, паркет на подот, балкон, во собите не е дозволено пушење.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, диететска храна, храна за деца, ужина и рестораните на плажа во тек на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, слаткарница, сладолед во тек на денот. Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, домашни и увозни флаширани вина, À la Сarte ресторани со претходна резервација и со доплата.
4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, снек бар покрај базенот и на плажа, барови околу хотелскиот комплекс À la Сarte ресторани: Gusto -италијанска кујна, Shin- кујна од Далечниот Исток, Tortilla-мексиканска кујна, Grandi- ресторан за морска храна, Ottoman-турска кујна, Стек ресторан, Суши ресторан, Tapas- шпански ресторан, слаткарница. Доктор, чување деца, сервис за перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет дел и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници дополнително се наплатуваат. WI-FI со ниска брзина бесплатен во лоби и во собите.
5
Плажа
    Хотелска плажа на 250 м од хотелот со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.
6
Спорт и забава
    Отворени и затворени базени (затворен во летна сезона) за возрасни и деца (еден е полуолимписки базен), Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, игралишта за кошарка, пинг понг, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениските игралишта, куглање, билјард, Спа и Велнес центар, салон за убавина, масажа. Забавни програми преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа со професионален тим, вечерни шоу програми, жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјална програма, Мини диско секоја вечер и забавен парк за деца (деца под 7 години мора да бидат во присуство на родител).
7
Внимание
    Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.