ИСТАНБУЛ (3НП)
ВЕЛИГДЕН
Истанбул, единствениот град на два континенти! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина и историја, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности.
Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од неофицијално над 20 милиони жители.
Програма
Прв ден – ЧЕТВРТОК (13.04.2023)
- Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден – ПЕТОК (14.04.2023)
- Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија.
Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел.
Трет ден – САБОТА (15.04.2023)
- По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу.
По крстарењето следи разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче, Турскиот Версај.
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Го посетуваме местото Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе.
Вечерта враќање во хотел и ноќевање.
Четврт ден – НЕДЕЛА (16.04.2023)
- По појадокот, можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството, Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета.
Бебек е меѓу најпопуларните квартови во Истанбул лоциран на брегот на Босфорот. Бебек буквално на турски значи „бебе“ бидејќи се смета за најпосебниот залив на Босфорот и е убав како бебе. Тука се наоѓа една од најубавите пешачки патеки на Босфорот, каде ќе се чувствувате како да сте на снимање на турска серија. Укотвени јахти крај брегот, безброј елитни кафулиња, ресторани, парк со поглед на морето. Ова е местото каде истанбулскиот џет сет често доаѓа кога сакаат да побегнат далеку од љубопитните погледи на обожавателите. Населбата која се наоѓа после Ортакој и завршува на тврдината Румели, е меѓу најдобрите работи што може да се направат во Истанбул. После прошетката, слободно време за уживање во истанбулскиот живот.
Во договорено време враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање
Петти ден – ПОНЕДЕЛНИК (17.04.2023)
- По појадокот, чек аут од хотелот и во договорено време се сместува багажот во автобусот и се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови на 18.04.2023 (вторник)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/7998 ден. по лице
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
- Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
- Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
- туристички пратител за време на престојот
- организација за време на патувањето
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице
Факултативните излети: - Крстарење по Босфорот – 20 евра
- Долмабахче палата (со комплетна влезница во палатата и харемот, слушалки и водич) – 35евра
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој– 15 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој– 20 евра
- Балат – најпознатото маало со шарени куќички и Вселенската патријаршија и елитната населба Бебек – 15евра
- Туркуазу Аквариум (влезница) –20 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
SILVER – 50 евра
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– одмор во населбата Кадикој во Азија - Крстарење по Босфорот
- Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
PREMIUM – 95 евра (заштеда 10евра)
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– одмор во населбата Кадикој во Азија - Крстарење по Босфорот
- Долмабахче палата
- Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
- Балат со Вселенската патријаршија и населбата Бебек
ВИП – 115 евра (сите факултативи, заштеда 10евра)
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– одмор во населбата Кадикој во Азија - Крстарење по Босфорот
- Долмабахче палата
- Ноќен Истанбул со посета на Галата Кулата и Таксим и населбата Ортакој
- Балат со Вселенската патријаршија и населбата Бебек
- Влезница во аквариумот Туркуазу
ИНФОРМАЦИИ:
- За сингл соба се доплатуваат 85 евра дополнително од аранжманот
Попусти за деца:
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 100евра (кога се придружувани од двајца возрасни)
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
– Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 15 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел
Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
---|---|---|---|---|
13.04.2023 | 17.04.2023 | Активна | 2399 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |
13.04.2023 | 17.04.2023 | Активна | 7998 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |