КСАМИЛ (3 НОЌИ)

24-ТИ МАЈ

Програма

1
1 ден - среда (24.05.2023)
    Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
    Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 ден - четврток (25.05.2023)
    Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во вилите. Време за уживање и релаксација на некоја од прекрасните, егзотични плажи во Ксамил. Оваа дестинација нуди величествено тиркизно море, безброј ресторани покрај самите плажи каде што имате можност да уживате во свежа морска храна како и воодушевувачки зајдисонца. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
3
3 ден - петок (26.05.2023)
    Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Саранда. Саранда е одморалиште на албанската ривиера, во јужна Албанија. Сместен покрај Јонското море и ридови со маслинови градини, градот се наоѓа во залив во форма на потковица, со плажи и шеталиште. Во центарот се наоѓаат археолошките остатоци од синагогата од 5 век, подоцна ранохристијанска базилика. Сè уште се видливи сложени подни мозаици. Замокот Лекурести од 16 век е на еден рид над градот. Саранда е медитеранска дестинација, со пет месеци топло време и избор на плажи слични на соништата распослани по нејзиниот брег. Типична сцена околу Саранда е залив со камчиња, тиркизни води, варовнички ридови и пејсажи полни со маслинови дрвја. Слободно индивидуално време. Враќање во вилата и ноќевање.
4
4 ден - сабота (27.05.2023)
    Слободно индивидуално време за капење и сончање (доколку дозволат временските услови), дегустација на вкусна морска храна во некој од локалните ресторани, одмор и релаксација. Ноќевање.
5
5 ден - недела (28.05.2023)
    Одјавување од собите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. Предвидено време за пристигнување околу полноќ.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 ЕВРА (4898 ДЕНАРИ) ДО 10.04.2023
РЕДОВНА ЦЕНА: 99 ЕВРА (6138 ДЕН.)

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
3 ноќевања во Ксамил (апартманско сместување)
- Организација и реализација на патувањето
- Лиценциран туристички водич

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Туристичка такса (1,10 евро по лице по ноќевање).
Патничко осигурување
- Факултативна посета на Саранда 10 евра по лице

 Напомена:
- За сингл соба се доплаќа 30 евра по лице
- Во случај, двајца возрасни и дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа 55 евра
- Во случај, еден возрасен и едно дете (2-11.99 год.), за детето се плаќа целосната сума
- Во случај, еден возрасен и две деца (2-11,99), за едно дете се плаќа полна сума, а за второто 55 евра
- Се патува со лична карта или пасош 

- За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Дата Од Дата До Статус Цена  
24.05.2023 28.05.2023 Активна 4898 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН