The Orangers Garden Villas & Bungalows 5*
ТУНИС ХОТЕЛИ
Локација: Хотелот се наоѓа на околу 4 километри од центарот на Хамамет, на околу 100 километри од аеродромот во Монастир, на околу 70 километри од аеродромот во Тунис.
Соби: Во комплексот има вкупно 322 сместувачки единици. Од нив има 288 соби, 15 апартмани, 15 бунгалови и 4 вили. Сите соби се луксузно опремени и располагаат со бања со туш кабина или када, клима, SAT LCD телевизор, пристап до интернет (бесплатен), мини бар, сеф, фен, чајник.
Хотелски содржини: Услугата во хотелот е All Inclusive - самопослужување (избор на повеќе јадења по хотелски правила) - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера. Од 12:00 до 18:00 часот се служи различен избор на салати (салад-бар), пица, палачинки и други десерти. Покрај главниот ресторан „Ел Мундо“, хотелот има 3 a la carte ресторани (медитерански, туниски и азиски) и неколку барови. Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци се дел од концептот на услугата.
Хотелот располага со: две тениски игралишта, сауна, турска бања (хамам), фитнес сала, фудбалско игралиште, одбојка на плажа, голф, спортови на вода, два отворени и еден затворен базен, затворен базен за деца, детски клуб (4-12), детско игралиште, анимации, Wi-Fi интернет.
Плажа: Хотел Orangers има своја песочна плажа. На гостите им се достапни чадори, лежалки, душеци и крпи без доплата.