Iberostar Royal El Mansour 5*
ТУНИС ХОТЕЛИ
Iberostar Royal Mansour
Локација: Хотел со атрактивна архитектура, добро познат по квалитетот на услугите што ги дава. Сместен на една од најубавите плажи во Тунис, на голем хотелски имот со многу можности за активен и релаксирачки одмор. Хотелот Iberostar Royal Mansour се наоѓа во градина со палми и цвеќиња, на површина од 15.000 м2, на 2 км од центарот на Махдија, со која е поврзан со шеталиште покрај морето. Од аеродромот во Монастир е на околу 50 километри, а од аеродромот во Тунис на 215 километри.
Соби: Сите соби се опремени со клима уред, сателитска ТВ, телефон, сеф, минибар, бања, фен, балкон.
Содржини: Хотелот располага со надворешен базен со детски простор, внатрешен базен со детски простор (загреан во зима), детски базен, главен ресторан, интернационален a la carte ресторан, бар на плажа, снек бар, бар покрај базен, арапски бар, лоби бар, менувачница, 4 лифтови, рент а кар. Wi-Fi интернет на рецепција, заедничките простории и во собите. Спа услуги (масажа, сауна, џакузи, турска бања, спа базен) се сио доплата.
Спорт и забава: фитнес, тениско игралиште , лак и стрела, фудбал, fit &, пинг-понг, одбојка на плажа; диско, мини клуб, забавна програма, анимациски шоу програми, музика во живо, фолклорна програма се организира еднаш неделно.
Плажа: Хотелот е сместен на една од најубавите плажи во Тунис. Чадори и лежалки се бесплатни за гостите на хотелот, пешкирите се со доплата.