Arabella Azur Resort 4*
ЕГИПЕТ
Локација: Хотелот Arabia Azur Resort се наоѓа во делот на Хургада наречен Ел Дахар или стариот град, на 3 км од Сакала и 8 км од аеродромот. Изграден е во ориентален стил.
Сместување: Хотелот Arabella Azur Resort има 296 соби. Сите имаат бања, фен, ТВ, мини бар, сеф, клима, тераса.
Содржини: Покрај главниот ресторан кој служи интернационална и ориентална кујна, гостите на хотелот имаат на располагање со дополнителна доплата и 2 a la carte ресторани, од кои еден е либански. Хотелот нуди 2 бара покрај базенот, снек бар на плажа, германски паб со различни пива, како и бар во централниот дел на хотелот каде се служат пијалоци и закуски. Дополнителните содржини вклучуваат салон за убавина, фризерски салон, продавници, менувачница и услуги за перење и пеглање. Интернетот е достапен во лобито на хотелот.
Хотелот располага со два базени со посебен дел за деца. Гостите можат да се забавуваат и да се рекреираат со играње тенис, сквош, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард или теретана, нуркање, сурфање и многу спортови на вода се достапни со дополнителни трошоци. Во склоп на бањата има сауна, парна бања, џакузи и разни видови масажи.
Плажа: Хотелот располага со неколку приватни плажи, од кои една има постепен песочен влез во водата, додека останатите се отворени кон корален гребен или лагуна со влез во вода преку скали. Локацијата е идеална за сите љубители на нуркањето, бидејќи се достапни корали со богат подводен свет.
*** Забелешка: Хотелот не е погоден за лица со проблеми и/или тешкотии во движење бидејќи нема прилагоден пристап без скали, итн.