Thalassa Mahdia 4*
ТУНИС ХОТЕЛИ
Thalassa Mahdia
Локација: Хотелот се наоѓа на околу 4 километри од градот Махдија и неговото живописно пристаниште. Аеродромот во Тунис е оддалечен 218 километри, а Монастир е 44 километри.
Соби: Распределени во зграда од 3 ката хотелот има вкупно 233 соби со балкон или тераса. Сите соби имаат бања со фен, клима уред, телефон, сеф и мини бар (се доплаќа), сателитска ТВ.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан со внатрешен и надворешен дел на тераса, два ресторани, 5 барови, соба за багаж, продавница, менувачница, продавница за сувенири, клиника, сала за состаноци и банкети, салон за убавина, перална (се доплаќа), надворешен базен , детски базен, Elyssa Thalassa Спа центар (сауна, турска бања, џакузи), диско. Wifi интернет е достапен низ целиот хотел со доплата. Има отворен (сезонски) и затворен (во текот на целата година) слатководен базен и посебен внатрешен базен со солена вода во рамките на центарот на таласо. Одредени хотелски услуги бараат претходна резервација, доплата или депозит кој се враќа при поаѓање.
Спорт и забава: Многу активности се достапни за гостите на хотелот. Тениски терени, терени за мини голф, детско игралиште, терени за кошарка, фудбал, одбојка, куглање, пинг понг, мини клуб за деца од 4-10 години, како и програма за анимација за деца од 10-14 години. Реквизитите за немоторизирани спортови како кану, педалинки и сурфање на ветер се изнајмуваат на плажа и се бесплатни, додека моторизираните спортови се доплаќаат.
Плажа: Приватна плажа со ситен бел песок. Лежалки и чадори на базен и на плажа се бесплатни, додека за пешкирите се бара депозит.