El Ksar 4*
ТУНИС ХОТЕЛИ
El Ksar Resort and Thalasso
Локација: Хотелот се наоѓа на влезот во Сус, на околу 5 км од стариот дел на градот (медина). Има поглед на песочната плажа „Лас Вегас“, во близина на хотелот се наоѓа популарниот ноќен клуб „БораБора“, голем број продавници, ресторани. Аеродромот во Тунис е оддалечен 150 километри, а аеродромот во Монастир е 20 километри.
Соби: 452 климатизирани соби се распоредени во главната зграда или во бунгалови. Сите соби се покриени со бесплатна wi-fi мрежа, имаат сателитска ТВ, балкон, мини бар, сеф, бања со туш.
Содржини: Главен ресторан со голема тераса, ресторан-бар на плажа, надворешен базен, внатрешен базен, фитнес центар, спа центар со богата понуда, масажа, сауна, салон за убавина. За најмалите гости е организирано детско игралиште и детски базен. Хотелот располага со тениско игралиште, терен за голф, спортови на вода. Има услуга за перење и пеглање, а има и разни продавници.
Плажа: Плажата е хотелска, лежалките и чадорите на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.