ВИЛА ЕВА

ПРВ КРАК - КАСАНДРА

 

 

Услови под кои важи аранжманот:

        Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

        За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

        Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

        Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

        Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

        Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата

        Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената

        Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

        Туристичката агенција „СУПЕР ТРАВЕЛ“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.

        Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.  Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.

        Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.