Delphin Be Grand Hotel 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во Лара, на 15 км од центарот на градот и 10 км од аеродромот.
2
Сместување
    Вкупно 837 соби во четири блока.

    Стандардни соби Be Trendy (35 м²; една спална со француски кревет +еден единечен кревет+ софа (160х80 цм), едно купатило, макс. 2+2 лица).
    Стандардни соби Be Large (42 м²; една спална со француски кревет + еден единечен кревет + софа (160х80 цм), едно купатило, макс. 2+2 лица).
    Супериор соби Be Romantic (32 м², спална со еден француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
    Супериор соби Be Deluxe Loft (41 м², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица
    Be Family А rooms (56 м², две одвоени спални, едната е со француски кревет + софа (160х80цм), а другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 3+2 лица).
    Be Family Loft (70 м², дуплекс, еден или два француски кревети, една софа (160х80цм) и еден или два единечни кревети, две туш кабини, макс. 4+1 лица).
    Be Family B (80 м², две одвоени спални, едната спална е со француски кревет, а другата со два единечни кревети и софа (160х80цм), едно купатило, макс. 3+2 лица).
    Be Suit (123 м², две спални - едната со француски кревет + софа (160х80 цм) а другата со два единечни кревети, една дневна, едно купатило, макс. 4 лица),
    Сите соби се со балкон, купатило со туш, фен, централна клима која работи во одредени часови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво, чипс, крекери), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, WI-FI во соби, сателитска ТВ и музички канали.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во тек на денот и доцна навечер, диететско мени, детско мени, сите локалки и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој, мини бар кој секојдневно се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво. Не е вклучено: V.S.O.P. коњак, премиум виски и увозни специјални вина, енергетски пијалоци и увозно пиво, пури, сите флаширани пијалоци, услуга во собa.
4
Содржини
    Главен ресторан Sunflower, À la Carte ресторани – Sultan (турски), Sakura (јапонски), Ristorant Lugiano (италијански), Mermaid (рибен), Jipo (мексикански), Atlantes (грчки). Барови на различна локација во хотелскиот комплекс, Ikat – месо и вино, Диско бар. Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, продавници дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет е бесплатен во лоби.
5
Плажа
    Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Павилјоните на плажа и на базен се наплаќаат.
6
Спорт и забава
    Отворени базени (еден е полуолимписки), затворени базени, релакс базен, детски базени, Аква парк со 9 лигалици за возрасни и 7 за деца, џакузи во затворен базен, тениски терени, пинг понг, мал фудбал, одбојка на плажа, пикадо, фитнес центар, сауна и турска бања се бесплатни. Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениските терени, часови по тенис, салон за убавина, СПА центар, масажа, куглање, билјард, соба со игрици, школо за нуркање. Секојдневни забавни програми преку ден, натпреварувања и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 – 7 години и Миди клуб од 8 – 12 години, специјално диско за деца, кино и анимирано шоу.
7
Внимание
    Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.