Narcia Resort Side 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој на 5 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.
2
Сместување
    Вкупно 351 соби во главната зграда, една клуб зграда и две анекс згради (има тунел за премин долг 37м, кој ги поврзува главната зграда и клуб зградата).

    Стандардни соби (27 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 деца),
    Економски соби (21 м², сместени во анекс зградата, една спална, едно купатило, помали соби од стандардните соби, макс. 2+1 лица).
    Клуб стандарни соби (25 м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+2 лица, нов блок изграден во 2019),
    Клуб фамилијарни соби (31 м², две одвоени соби, едно купатило, макс.4 лица, нов блок изграден во 2019).
    Сите соби се опремени со сопствени купатила со туш, фен, сплит клима уред, сателитска ТВ и музички канали, телефон, мини бар (безалхохолни пијалоци при пристигнување, после тоа се дополнува само со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), под со паркет, балкон.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини во текот на денот, вечера, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, стандардни увозни алкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот, бар на плажата со храна и пијалоци од 10:00-18:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, премиум пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, пакуван сладолед, турско кафе, сите пијалоци после 24:00 часот.
4
Содржини
    Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – турски и рибен ресторан, слаткарница, барови околу целиот хотелски комплекс. Доктор, перална, телефон, факс, интернет, продавници, компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-Fi интернет конекција е бесплатна во лобито.
5
Плажа
    Приватна песочна плажа на 350 м од хотело. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Бесплатен превоз до плажа на секои 20 минути.
6
Спорт и забава
    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, седум лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка за плажа. Се доплаќаат: спортови на вода, билјард, компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години со различни детски програми, игралиштe за деца.
7
Внимание
    Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.