Sensitive Premium Resort & Spa 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во Богазкент на 30 км од аеродромот во Анталија и 40 км од центарот на Анталија.
2
Сместувањe
    Вкупно 402 соби.

    Стандардни соби (36м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
    Фамилијарни соби (48м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица)
    и 4 соби за лица со попреченост.
    Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, влечки, бањарка, клима, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат на подот, TV со сателитски програми и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
3
Услуга
    Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски и кафе во попладневните часови, вечера и полноќни закуски. Сите локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во определени часови, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, услуга во соба, свежо цедени сокови, сите флаширани и пијалоци во лименка, специјални вина.
4
Содржини
    Главен ресторан за шведска маса и À la Carte ресторани: Akssya (турски), Brezza (италијански), Vira (рибен), барови во хотелскиот комплекс, бар за закуски и бар на плажа, Диско клуб. Со доплата се доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, интернет ќоше.
5
Плажа
    Хотелска приватна песочна плажа на 400 метра од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Бесплатен превоз до плажа на секои 20 мин.
6
Спорт и забава
    Отворени и затворени (отворен само во зима) базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Со доплата: СПА центарот, центар за убавина, масажа, спортови на вода, часови по нуркање, билијард и играчница. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, играчница, мини диско навечер.