Senza Zen The Inn Resort & Spa

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Турклер, 15км од центарот на Аланија и 100км од аеродромот во Анталија.
2
Сместување
    Вкупно 425 соби.

    Стандардни Соби: (24м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
    Дуплекс Фамилијарни Соби: (30м², две спални соби-едната на галерија и нема врата помеѓу нив, едно купатило, макс. 2+2 лица).
    3 Соби за Хендикепирани лица
    Сите соби се со купатило со када, фен, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови и вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон, Wi-fi интернет конекција се наплатува.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина наутро и попладне чај, кафе, колачи, полноќна ужина, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци од 10.00-24.00ч, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, ужина на плажа 10.00-17.00ч., сладолед во одредени часови. Увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба и сите пијалоци после 24 часот се наплатуваат.
4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани-Fish Inn (рибен ресторан), Turk Inn (турска кујна), Inn Ka (мексиканскa кујна), Italy Inn (италијанска кујна), лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа. Доктор, перење и пеглање, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат.
5
Плажа
    Хотелска плажа на 400м. со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат. (Има тунел до плажа, или пак гостите може да го користат шатл превозот кој е бесплатен).
6
Спорт и забава
    Отворени и затворен базени (затворен во летната сезона) за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, тениско игралиште, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениското игралиште, билијард, Спа центар и центар за убавина, масажа се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерени шоу програми. Мини клуб за деца од 04-13 год, детско игралиште, мини диско клуб во вечерните часови.