Oz Hotels Incekum Beach Resort 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот е се наоѓа во областа Инчекум, 30км од Аланија и 98 км од аеродромот Анталија.
2
Сместување
    Вкупно 357 соби, распоредени во 12 трикатни блока.

    Стандардни Соби: (28 м², 1 спална соба, 1 купатило, макс 2+1 лица).
    Фамилијарни Соби: (36м², 2 спални со лизгачка врата измеѓу, 1 купатило, макс 3+2 лица).
    Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина и фен, клима, телефон, сеф, мини бар (само вода), подови од ламинат и плочки, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
3
Услуга
    Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневен чај, кафе, торти, вечера и вечерни снекови. Сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци се бесплатни од 10:00 – 24:00 часови, À la Carte рестораните со претходна резервација еднаш во текот на една смена. Барот на плажа работи од 10:00- 17:00 часот. Со доплата: увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, пијалоци во диско, услуга во соба.
4
Содржини
    Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани – италијански и рибен ресторан, снек бар, бар на базен, бар на плажа. Доктор, перална, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во лобито.
5
Плажа
    Сопствена песочна и камчеста плажа. Лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.
6
Спорт и забава
    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водни лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлувањето на тенсиките терени, масажи, Велнес и Спа центар, билјард и компјутерески игри. Дневни и вечерни програми, натпреварувања, шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детски игралишта, мини диско во вечерните часови.