Miramare Beach Hotel 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 6км од Сиде и 60км од аеродромот во Анталија.
2
Сместување
    Вкупно 276 соби во една главна зграда.

    Стандардни Соби: (30 м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).
    Економски Соби: (25м²,исти како стандардните соби само без балкон и на приземје, макс.2 лица).
    Фамилијарни Поврзани Соби: (42 м², со поглед кон копно, две спални соби разделени со врата, две купатила, макс.4 лица).
    Супериор Соби во Главна Зграда: (34м², една спална соба со француски кревет, едно купатило, голема тераса со џакузи и лежалки, достапен батлер сервис, макс. 2 лица).
    Супериор Соби во Градина: (32 м² се наоѓаат во приватен ден од градината од 8 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лица).
    Апартмани: (70м², една спална соба, дневна, едно купатило со џакузи, голема тераса, батлер, макс. 2 лица).
    Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, VRV клима систем, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, сокови и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон или тераса.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни алкохолни пијалоци, бар и ресторан на плажа, свежо цедени сокови за време на појадокот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш само во еден од рестораните, бар на плажа од 09:00 до 18:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се во мени, премиум увозни пијалоци, луксузни и флаширани пијалоци, свежо цедени сокови освен за појадок, енергетски пијалоци, специјални вина, услуга во соба.
4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Solemare – италијанска кујна, Olive- рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење, хемиско чистење и пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.
5
Плажа
    Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
6
Спорт и забава
    Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, пинг понг, тениски терени. Се доплаќа: спортови на вода, осветлување за тениски терени, СПА и центар за убавина, сауна, масажа, билијард и компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 04-12 години и клуб за тинејџери од 12-16 години со различни програми, мини диско навечер.