Lonicera Resort & Spa 4*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Инчекум, 98 км. од аеродромот во Анталија и 20 км од Аланија.
2
Сместување
    Вкупно 821 соба во 4 блока.

    Стандардни Соби: (36m², 1 спална со француски кревет + единечен кревет, 1 купатило, макс 2+1 лица).
    Супериор Соби: (72m², 1 спална соба, 1 дневна соба, 1 купатило, џакузи на балконот, макс 2лица).
    Фамилијарни Соби: (72m², 2 оделни спални соби, 1 купатило, макс 5+1 лица).
    Економична Соба: (32m², 1 спална со француски кревет и 1 единечен кревет, 1 купатило, собите се без балкон, макс 2 лица).
    Сите соби се опремени со када и туш кабини, фен, клима, телефон, сателитска ТВ со музички канали, мини бар (вода и безалхохлни пијалоци при пристигнување, подоцна само вода се надополнува), сет за кафе и чај, сеф (се доплаќа), под од ламинат, WI-FI интернет конекција бесплатна, балкон.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни ужини, локални и некои увозни алхохолни и безалхохолни пијалоци до 01.00, сладолед во одредени часови. Се доплаќа: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, сладолед, енергетски пиајлоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација, влезница за диско клуб.
4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, снек бар, бар на базен, бар во лобито, À la Carte ресторани – турска кујна, рибен ресторан, Диско бар (влезниците се плаќаат, пијалоците се бесплатни). Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
5
Плажа
    Приватна песочна плажа. Лежалки, чадори, пешкири за плажа, душеци се бесплатни. Приватните павилјони се доплаќаат.
6
Спорт и забава
    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водни лизгалки, одбојка на плажа, пинг понг, кошарка, фитнес центар, тениски игралишта, турска бања, сауна, парна бања. Се доплаќа: спортови на вода, масажи и пилинг, осветлување за тениските терени, куглање, билјард, компјутерски игри, салон за убавина и здравје, 105x55m професионални фудбалски терени. Дневни анимации, натпреварувања покрај базените, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. со специјални програми во текот на денот и навечер.