Најголемиот и главниот град на Србија - Белград,  ќе ве воодушеви со својот посебен шарм.Лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе ве натера да се вљубите во него.Градот со многу бујна историја која трае 7000 години, ни дава право да го именуваме во најстариот град во Европа. Moже да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град. Белград е град на разновидноста. Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба во некој од шопинг центрите. Во Белград има места за сечиј вкус. 

 

Опис на патувањето:

· Тргнување од паркинг кај хотел Вип, наспроти Скопски Саем, во 01:00 часот (собирање на група 00:45 ч.).Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и одмор.

· Предвидено време за пристигнување во Белград до 08:00 часот. Панорамски разглед на дел на Белград. 

· Слободно време за индивидуални активности, прошетка низ Кнез Михајлова, Калемегдан, Скадарлија..

· Во договорено време со групата се упатуваме кон шопинг центар Ушче.

· Тргнување кон Скопје во вечерните часови

Понудата вклучува:

· Организација и водство на патувањето

· Превоз на наведената релација

· Панорамски разглед 

· Посета на шопинг центар Ушче


Понудата не вклучува:

· Индивидуални трошоци

· Влезници за културно историски споменици


Цена: 1200 денари
 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

· Организатор на патувањето е Идеал Травел.

· Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 3 дена пред датумот на започнување на истиот.

· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот. 

· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите.

· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример, задржување на граница, гужва во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

· За неисправна патна исправа, задоцнување, загубен багаж и откажување на патувањето или промена, агенцијата не одговара и не надокнадува материјална одштета.