РИМ

АВИОНСКИ ПАТУВАЊА

Програма

1
11 Октомври (Сабота)
    Состанок на групата на аеродром во 09:30 часот. Лет за Рим во 11:35 часот. Слетување во Рим во 13.20 часот. Организиран трасфер до хотел од аеродромот Чампино... Попатно запознавање на знаменитостите, сместување во хотел. Препорачуваме – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки, прошетка по мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Враќање во хотел со јавен превоз. Ноќевање.
2
12 Октомври (Недела)
    Појадок. Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуот, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција.... Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим... Слободно време, пауза за ручек.

    Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар.... Вечерта слободно време, враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
3
13 Октомври (Понеделник)
    Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела.

    Вечерта, препорачуваме посета на боемскиот кварт Трастевере, вистинската слика за наќниот живот во Рим, со безброј мали ресторанчиња и вкусна италијанска храна... враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
4
14 Октомври (Вторник)
    Појадок. Слободно време. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 13:50 часот. Пристигнување во Скопје во 15:35 часот.

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

Дете од 2 до 12 год. плаќа 509 евра.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. 

При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. 

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. 

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ИДЕАЛ ТРАВЕЛ