ШОПИНГ ВО БЕЛГРАД
ЕДНОДНЕВНИ АРАНЖМАНИ
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Населението во Белград брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,65 милиони луѓе. Белград е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт.
Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години.
За Белград велат дека е град на разновидноста, а духот на оваа метропола може да го почувствувате преку неговиот богат, културен живот, преку старо- новата архитектура низ улиците , но и преку вкусната храна и гостопримливи домаќини. Често пати Белград е нарекуван град на поздравите. Тука под Калемегдан Дунав ја поздравува Сава, а низ Кнез Михајлова може да ве поздрават фините домаќини.
Денот може да го поминете со прошетка низ Кнез Михајлова, воодушевувачкиот Калемегдан, да вкусите српска храна во боемските ресторани во познатата Скадарлија, или пак да се подновите со некое парче гардероба. Во Белград има места за сечиј вкус.
Програма
1 ДЕН
- Состанок на групата на Дрво декор во 01:45 часот, поаѓање во 02:00 часот.
Можност за поаѓање од Куманово во 02:30 часот
Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Белград околу 09:00 часот наутро.
Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ центарот на Белград, улицата кнез Михајлова, Скадарлија, Калемегдан.
Во договорено време со групата се упатуваме кон Ушче
Во договорено време со групата се упатуваме кон икеа
Тргнување кон Скопје во вечерните часови
Организирана шопинг тура + вклучен автобуски превоз за Белград за следните термини:
15.02.2025 (Сабота)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
1,700 ден.
Опции на понудата:
Понудата е по лице и во истата е вклучено:
Автобуски превоз на дадена релација
Прошетка низ центарот на Белград, улицата кнез Михајлова, Скадарлија, Калемегдан,
Посета на Ушче и ИКЕА
Туристички придружник на патувањето
Поаѓањето e во 02:00 часот кај Дрво декор спроти Holiday Inn
Можност за поаѓање од Куманово во 02:30 часот
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници