ШОПИНГ ВО УРОШЕВАЦ И ПРИШТИНА

ЕДНОДНЕВНИ АРАНЖМАНИ

Програма

1
ПРОГРАМА
    Состанок на групата 07:45 часот. Поаѓање во 08:00 часот од Дрводекор . Се патува преку граничен премин Блаце.
    Најпрво се упатуваме кон трговскиот центар Ring Mall (слободно време околу 2 часа) и потоа одиме во посета на продавница во Урошевац каде што сѐ е по 1 евро (слободно време околу час и половина). Во договорено време се упатуваме кон PRISHTINA MALL, најголемиот мол на Балканот, кој е отворен на 09.03.2023, со повеќе од 300 продавници. Слободно индивидуално време за шопинг околу 2 ипол часа. Тука може да најдете продавници за сечиј џеб. Има капацитет да ги задоволи најразличните желби на купувачите, па затоа никогаш нема да погрешите ако го посетите. Поаѓање кон Македонија во 17:00 часот.

Во цената е вклучено: 
- Автобуски превоз на дадена релација
- Туристички придружник на патувањето
- Посета на Outletot Ring Mall во Урошевац
- Посета на продавница - сѐ за 1 евро во Урошевац
- Посета на најголемиот шопинг центар на Балканот - PRISHTINA MALL

Вo цената не е вклучено
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци 

НАПОМЕНА:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.
- Се патува со валидна лична карта или пасош преку граничен премин Блаце
-
 Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 300 ден. по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.
- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да задржи 100% од вкупната уплатена сума доколку патникот го откаже патувањето до 2 ден пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.
- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.
- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците и не е должен да ги чека истите.
- Организаторот има право да го откаже патувањето 1 ден пред поаѓање доколку нема доволен број на патници
- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ
Дата Од Дата До Статус Цена  
23.11.2024 23.11.2024 Активна 500 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН