The Mirage Resort & Spa 5*
ТУНИС ХОТЕЛИ
Локација: Соочен кон заливот Хамамет, The Mirage Resort & Spa се протега на 25 хектари, е на 5 километри од Јасмин Хамамет и на околу 100 километри од аеродромот во Монастир.
Соби: Mirage Resort & Spa ви нуди пријатен престој во една од своите 322 комфорни соби поделени во апартмани, бунгалови или вили. Сместувачките капацитети се климатизирани и се греат, имаат многу пријатни балкони или тераси кои нудат неверојатен поглед на градини, базен или море. Ја имаат сета потребна опрема за вашиот престој: 32 инчи LCD, фен, сеф, минибар, бања или туш кабина... итн. Хармонично уреден со благородни и рафинирани материјали, собите ќе ви понудат мир и удобност во мека и пријатна атмосфера.
Хотелски содржини: Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера во главниот ресторан. Концептот вклучува доцен појадок и чај и колачи во снек барот, разни закуски во барот на плажа и à la carte вечера еднаш неделно.
Хотелот располага со 3 надворешни базени, детски базен, фитнес центар, тенис, пинг - понг, одбојка на плажа..
Хотелот располага со мини диско и мини клуб за деца од 4 до 12 години. Тим од забавувачи нуди неколку активности на своите гости како што се танцови вечери, часови по танц, вечери на плажа, професионални шоуа, дневни активности како и вечерни програми.
Плажа: Хотелот се наоѓа на своја сопствена плажа каде лежалки и чадори се достапни бесплатно.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси - се плаќаат на рецепција во хотелите (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND)