Primasol El Mehdi 4*
ТУНИС ХОТЕЛИ
Локација: Квалитетен и одлично оценет хотел, се наоѓа на околу 2 км од центарот на Махдија, 52 км од аеродромот во Монастир, 215 км од аеродромот во Тунис.
Соби: Хотелот е составен од три згради сместени во голема градина. Сите соби се климатизирани и имаат балкон или тераса, ТВ со сателитски канали, мини фрижидер, телефон и сеф (со депозит). Пешкирите и постелнината се менуваат еднаш дневно.
Содржини: Хотелот располага со 24-часовна рецепција, мал аква парк, диско, мини маркет, продавница за сувенири, a la carte ресторан (вечера вклучена еднаш во текот на престојот со претходна резервација), неколку барови (Lobby Bar, Pool Bar, Garden Bar, Night Express), два отворени и еден затворен базен. Интернетот е бесплатен кај рецепцијата. За најмалите хотелот нуди детски базен, мини клуб, за деца 4-12 години и игралиште. Со доплата на располагање на гостите има масажи, сауна, амам и разни терапии.
Спорт и забава: За забава на гостите хотелот нуди пинг-понг, тенис, мини голф, одбојка, боче, фудбал, аеробик на суво и во базен, пикадо, дневни анимации и ноќни шоу програми.
Плажа: Хотелот е сместен на убава песочна плажа. Чадори и лежалки се бесплатни за гостите на хотелот. Пешкирите се со дoплата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси - се плаќаат на рецепција во хотелите (2 TND за хотели со 3*, односно 3 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND)