Albatros Beach Club (ex Amwaj) 4*
ЕГИПЕТ ХОТЕЛИ
Локација: Хотелот се наоѓа во областа Сома Беј, на околу 5 километри од градот Сафага и околу 45 километри од аеродромот во Хургада. Хотелот е комплетно реновиран и отворен во 2021 година како дел од познатиот синџир хотели Pickalbatros, додека претходно беше познат како Amwaj Blue Beach Resort & Spa.
Плажа: Хотелот има своја плажа песочна долга 180 метри, од која поголемиот дел е со плитка вода особено за време на изразена осека. За љубителите на капењето и нуркањето има понтон долг окулу 300м преку кој може да се влезе директно во подлабока вода и да се ужива во пливање и површинско или длабинско нуркање низ коралните гребени. Пешкири, лежалки и чадори за сонце се бесплатни за користење.
Сместување: Хотелот нуди 377 сoби од кои сите имаат балкон или тераса, телефон, сателитска ТВ, клима уред, сеф, мини бар (вода), чајник, фен за коса.
Стандардната соба е со големина од околу 37 м2 и може да има поглед на море или базен. Делукс собата е со големина од околу 37 м2 и има поглед на море.
Содржини: Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила) и ужина во одредени периоди од денот. На гостите им е на располагање главниот ресторан, à la carte рестораните како и неколку барови (Columbus caffe, Lobby bar, Beach bar, Sports bar). Во концептот се вклучени локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Од 25.11 2021 година отворен е нов à la carte ресторан „Црвено небо“. Ресторанот служи италијанска кујна и е отворен за вечера со претходна резервација.
Хотелот располага со три отворени базени, 2 базени за возрасни и еден детски базен, одбојка на плажа, тенис, теретана, пинг-понг, пикадо, куглање, аква аеробик, ватерполо, аеробик како и дневна и вечерна анимација, Wi-Fi интернет (на јавни површини со ограничена брзина).