Serenity Makadi Beach 5*
ЕГИПЕТ ХОТЕЛИ
Локација: Овој голем ресорт опфаќа 400.000м2, опкружен е со зелена градина и се наоѓа на самиот брег на Црвено Море, Хотелот е изграден во Марокански стил, во заливот Макади, оддалечен од центарот на Хургада 40км. а од аеродромот 36км.
Сoби: Хотелот има 714 соби и апартмани. Сите соби се просторни со удобен мебел, со купатило со фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар и балкон или тераса.
Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан на гостите им се на располагање уште 7 ресторани, Либански, Италијански, Кинески, Суши, Рибен, ресторан покрај базен, бар покрај базен, бар на плажа, снек бар, бар во лоби, дискотека. Во хотелот има и продавници, апотека, банкомат, менувачница, салон за убавина, театар, интернет центар…
Спорт и забава: Освен 5те надворешни базени кои се простираат на површина од 4000м2 за возрасни и за деца ( 2 со морска вода )на гостите им се на располагање и Пинг понг, теретана, мини голф, 3 тениски терени, терен за фудбал и одбојка, пикадо, нуркачки центар и спортови на вода. Во склоп на СПА центарот има простории за масажа. сауна, турска бања и џакузи. Професионален аниматорски тим организира дневна и вечерна забава како за за возрасни така и за деца.
Плажа: Хотелот има приватна плажа со понтонски мост а еден дел од плажата има песочен влез во море.