Ali Baba Palace 4*
ЕГИПЕТ ХОТЕЛИ
Локација: Хотелот се наоѓа на околу 11 километри од аеродромот и на околу 18 километри од центарот на Хургада. Комплексот е отворен во 2000 година, се простира на огромна површина од околу 120.000 м2 и нуди 756 соби.
Плажа: Хотелот се наоѓа на приватна песочна плажа, еден помал дел е со корален гребен кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а другиот дел е за прекрасно капење. Гостите на хотелот може да ја користата плажата и на соседниот Alaadin Beach Resort. Користењето на чадори за сонце и лежалки на плажа е бесплатно. При влез во вода има камчиња и се препорачуваат обувки за плажа.
Сместување: Хотелот нуди 756 соби и сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD ТВ, фен за коса, мини бар. Сефот е на рецепција и е бесплатен.
Стандардните соби имаат поглед на градина или базен и се со големина од 33-35м2 (мал број на соби имаат поглед на море).
Делукс собите имаат поглед на градина или базен, големини се 33-35м2.
Семејните соби се состојат од две соби со површина од 33-35м2 (едната соба има брачен кревет, а другата два единечни кревети), собите се одделени со врата.
Содржини: Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Концептот вклучува домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, грицки, колачи и сладолед. Покрај главниот ресторан, гостите можат да користат и Bella Italia (италијанска кујна), Zomorodah (ориентална кујна) и Ali Baba Sushi Restaurant.
Хотелот нуди и неколку барови - лоби бар, бар базен, бар на плажа и диско.
Хотелот нуди неколку базени, детски базен, аква парк за деца, аква парк за тинејџери, 2 тениски игралишта, игралиште за кошарка и фудбал, пинг понг, одбојка, мини голф, анимација, теретана, часови по танц.