Albatros Aqua Vista Resort 4*
ХОТЕЛИ
ALBATROS AQUA VISTA RESORT
Локација
Хотелот се наоѓа на околу 7 километри од аеродромот и околу 15 километри од центарот на Хургада. Aqua Vista Resort е отворен во јануари 2008 година а последен пат реновиран во 2017 година. Опкружен е со хотелите Albatros Resort, Albatros Aqua Park и Aqua Blu.
Општи информации
Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, доцен појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Хотелот нуди неколку ресторани - Soprano (италијански ресторан), Saffran (ориентален ресторан), La 'Asiatique (азиски ресторан) и a la carte ресторан Lagoon. На гостите им стојат на располагање и баровите - Pool Bar White, Cubana Bar, Lobby Bar Olympus, Red Sky Bar и Milenium Sport Bar, Underground диско (во хотелот Aqua Blu), Red Sky Bar (во хотелот Beach Albatros). Концептот вклучува палачинки, сладолед, како и сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Гостите на хотелот можат да ги користат баровите и рестораните во хотелот Аква Блу.
Плажа
Хотелот ја користи плажата на Beach Albatros Resort, до која се стигнува со бесплатен шатл-автобус. Плажата е песочна и поголемиот дел е простор за капење, но на помал дел од плажата има корален гребен кој ги привлекува љубителите на подводниот свет. Лежалките и чадорите на плажа и базен се бесплатн.
Сместување
Хотелот нуди 326 соби, сите со поглед на градина или базен, клима уред, сателитска ТВ, мини бар, фен, сеф, Wi-Fi интернет, чајник (на барање).
Стандардните соби се со големина од околу 41м2.
Семејните соби се состојат од две спални соби и бања, површина е околу 82м2.
Содржини
Хотелот нуди теретана, пинг понг, гимнастика, гимнастика на вода, аеробик, пикадо, разни дневни и вечерни анимации, 3 базени за возрасни, од кои едниот е на покривот и има директен пристап до барот Red Sky, еден детски базен. . Гостите на хотелот можат да ги користат капацитетите на хотелот Аква Блу - 5 базени, од кои 3 се за деца. Исто така, на гостите им се на располагање и капацитетите на хотелот Албатрос Аква Парк - 9 базени, од кои 5 се за возрасни, 3 со тобогани и еден детски базен.