ВИЛА ЛАНА - СУТОМОРЕ
ЦРНА ГОРА
Вилата е лоцирана во мирниот дел на Сутоморе под магистралата, на 4-5 мин. пешачење од автобуската страница во Сутоморе, на 6-7 минути пешачење до најблиската плажа (градската плажа), и 10 мин. пешачење до центарот на Сутоморе. Во близина на вилата има 2 супермаркети. Вилата е нова градба и располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со сопствен тоалет, TV, Wi-Fi интернет конекција, клима (вклучена во цената).
Во вилата има две двокреветни соби кои немаат кујна односно располагаат само со бокал за кафе и фрижидер. Истите се продаваат за 5 евра поевтино од ноќ.
Вилата располага со сопствен паркинг за гостите за 12 возила.
Во вилата има можност да се нарача и храна на барање по желба на гостите.
АДРЕСА: КОСОВСКА 12
КООРДИНАТИ: 42.14238557750445, 19.042259769712487
ЦЕНОВНИК – ВИЛА ЛАНА СУТОМОРЕ 2025 |
||
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ОД ДЕН |
||
ТИП НА СОБА |
ЈУЛИ/АВГУСТ |
СЕПТЕМВРИ |
1/2 |
55 |
40 |
1/3 |
65 |
50 |
1/4 |
75 |
60 |
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА ЗА НАЕМ НА СТУДИО ОД ДЕН!
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
- Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
- Скопје (Aвтобуска станица) - 45€
- Куманово (Автобуска станица) – 45€
- За деца (02-11.99 год.) се одобрува 50% попуст
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За резервација задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра по лице, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
- Минимум три ноќевања за престој
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- За хигиената на собите се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
- Moже да се патува со валидна лична карта со старото име на државата Р. Македонија
- Се патува преку граничен премин Блаце
- За оваа понуда важат општите услови за патување на Т.А Идеал Травел