RIOLAVITAS SPA & RESORT 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Sorgun, оддалечен 70км од аеродромот во Анталија и 7км од градот Сиде.

2
Сместување
    Вкупен број на соби 300.

    Стандардни соби
    (35m², една спална соба, едно купатило, макс 2+1 лице),

    Swim up соби
    (35m², една спална соба, едно купатило, директен излез на базен, макс. 2+1 лице),

    Фамилијарни соби
    (55m², две спални соби, две купатила, макс. 4 лица).


    Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), ламинат на подот, сателитска LCD TV и балкон.
3
Услуга
    Ultra all Inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, детска шведска маса, ресторан на плажа (се служи само ужина, безалкохолни пијалоци и пиво), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот (Verde & Gusto). Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, послуга во соба.


4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Gusto – Медитаранска кујна, Verde – Италијанска кујна, Turca – Турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција на јавни места и во собите е бесплатна.
5
Плажа
    Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел – плажа – хотел во текот на целиот ден.
6
Спорт и забава
    Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна и Турска бања се бесплатни. Масажа, Wellness & SPA центар, спортови на вода, билјард, копнутерски игри дополнително се наплатуваат. Забавни програми покрај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми.