Апартмани Милонас Дионисиос
ПРВ КРАК
На само 50 км од Солун, во мирното туристичко место Дионисиос, се наоѓаат Апартманите Милонас, идеален избор за летен одмор покрај море.
Сместувањето располага со двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Секоја соба има балкон и комплетно опремена кујна со основен прибор за готвење.
Клима уред (вклучена во цената)
Бесплатен Wi-Fi интернет
Гостите можат да уживаат во голем двор со зеленило, рецепција и скара која е на располагање за користење.
Плажата се наоѓа на само 1 минута пешачење.Одлична локација, пријатна атмосфера и сè што ви е потребно за безгрижен одмор покрај Егејското Море!
| тип на соба | јуни | јули/август | септември |
| 1/2 | 92 | 155 | 86 |
| 1/3 | 103 | 178 | 92 |
| 1/4 | 132 | 189 | 126 |
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ПО НОЌ!
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса (2€ по соба од ден – се плаќа во вилата)
- Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА Дионисо со еднодневното капење секоја недела
- Скопје (дрводекор)– 2700ден
- За деца (02-11.99 год.) – 2300ден
- За еден правец 1350ден
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За резервација на редовните цени задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра за наем на студио, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- За хигиената на собите се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената
- За оваа понуда важат општите услови за патување на Т.А Идеал Травел




Translate