Италија - Неапол, Соренто и Амалфиска Ривиера

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 16:30 часот, пристигнување во Неапол во 18:10 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Royal Palace of Naples, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
2 ден
    Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.

    Поаѓање од пристаништето во Соренто, со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.
3
3 ден
    Појадок. Опционално:

    Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
    Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
    Продолжување со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Ноќевање
4
4 ден
    Појадок. Слободно време за плажа. Попладне трансфер до аеродромот до Неапол. Поаѓање во 18:45 часот, пристигнување во Скопје во 20:15 часот.

ДАТУМИ НА ПОАЃАЊЕ И ЦЕНИ:
- 26.06-29.06.2026 - 419 ЕВРА
- 03.07-06.07.2026 - 429 ЕВРА
- 10.07-13.07.2026 - 429 ЕВРА
- 17.07-20.07.2026 - 429 ЕВРА
- 24.07-27.07.2026 - 429 ЕВРА

Во цената е вклучено:

  • Авионска карта на релација Скопје - Неапол - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок: 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевањa во Соренто
  • Фери брод Соренто - Капри.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градовите
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој

Во цената не е вклучено: 

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Лифтови, жичари кои се наоѓаат низ градовите за полесно движење
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Факултативни излети: 

Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно

Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата

 

За лицата кои нема да го изберат ова патување, ќе биде организиран автобуски превоз директно од Соренто до Салерно (по автопатот), со предвидено слободно време во Салерно.

Напомени:

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
  • Амалфиската ривиера е регион кој е со тесни улици, карпест предел , скалести градови.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел