Препознатливиот туристички регион Ајвалик е засолниште за патниците кои бараат совршен одмор под сонцето на широката песочна плажа Саримсакли . Ова познато летувалиште се наоѓа на околу 150 километри од Измир.

Саримсакли се издвојува со прекрасната песочна плажа испрскана од брановите на тиркизното Егејско Море. Плажата долга околу 15 километри ја краси синото знаме поради чистотата на водата и брегот. Климата на овој крајбрежен град, кој има околу 7.000 жители, е погодна за белодробни и срцеви заболувања. Дестинацијата е позната како воздушна бања благодарение на екстремно сувиот воздух. Светската здравствена организација го рангираше Саримсакли на самиот врв на дестинации препорачани за луѓето со овие проблеми.

Ова прекрасно место располага со голем број на различни приватни и хотелски сместувања. Интересот на туристите од Балканот за време на топлите летни месеци е голем, благодарение на убавината на Саримсакли и љубезноста на локалното население. Тоа е идеално место и за семеен одмор и за парови. Овој регион во Турција е познат по одгледувањето на најдобрите маслинки. Покрај маслинките, ви препорачуваме да вкусите традиционална турска и егејска кујна.

Љубителите на крстарењата ги чека незаборавни возења со брод околу Ајвалик. Пливање и уживање во најубавите заливи скриени во Егејското Море и брегот на Турција. Забавата на брод е исто така неизбежна. За оние кои дошле во Турција на шопинг, тука е центарот Ајвалик, како и саем еднаш неделно.

Поминете ги најубавите денови од вашиот одмор во овој магичен град. Уживајте во топлите денови, благиот ветер и пријатните медитерански ноќи со популарните звуци на турската мелодија.

HOTEL GRAND MILAN

Hotel Grand Milan 3* е економичен хотел кој ги има освоено сите симпатии на гостите поради својата добра услуга, внимание и љубезноста на персоналот. Оддалечен е од плажата само 30 m и 300 m од центарот. Хотелот има ресторан, мал базен за возрасни и деца, лоби бар, паркинг, сеф на рецепција, интернет во лобито. Хотелот поседува приватен дел на плажата, уреден со лежалки и чадори и за гостите се вклучени во цената. Во понуда се 54 соби, климатизирани, со две или три легла и имаат телефон, сателитска ТВ, фен, мини бар, француски балкон. Услугата е на база полупансион, а ручек може да се уплати директно во хотелот.

Месеци

Термини

Редовна цена

Цена со попуст  до 31.03.2026

ЈУНИ

29.05-06.06.2026 (7 ноќи)

349 €

329 €

 

05.06-13.06.2026 (7 ноќи)

369 €

349 €

 

12.06-20.06.2026 (7 ноќи)  

389 €

369€

 

19.06-29.06.2026  (9 ноќи)

459 €

439 €

 СЕПТЕМВРИ

29.08-06.09.2026 (7 ноќи) 

429€

409 €

 

05.09-13.09.2026 (7 ноќи)            

409 €

389 €

 

12.09-20.09.2026 (7 ноќи) 

389 €

369 €

 

19.09-27.09.2026 (7 ноќи) 

                                              

369 €

349 €