ЈАДРАН
ВАЛЕНТАЈН
Програма
ПРВ ДЕН (13.02.2025) Четврток
- Состанок на групата на Дрводекор во 22:40 часот, поаѓање во 23:00 часот од Дрводекор. Поаѓање од Куманово во 22:00 од бензинска Макпетрол. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН (14.02.2025) Петок
- Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, сместување во хотел ДЕЛ МЕДИО 4* и хотел ПОРТО СОЛЕ 4* во Сутоморе. Хотелот во Сутоморе се наоѓа на самата обала на Јадранското море во центарот во градот. Слободно попладне за одмор и релаксација во Сутоморе. Во договорено време се упатуваме на факултативна посета на Херцег Нови. Херцег Нови токму на 14ти Февруари го слави празникот на мимозите во кој мимозата е традиција, имиџ и стил на живот! Каде што ќе имате можност да уживајте во неповторливата атмосфера во градот Херцег Нови заедно со големите балкански ѕвези Ханка Палдум и Ана Бекута. По завршување на концертот се враќаме во хотелот во Сутоморе. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (15.02.2025) Сабота
- Појадок. По појадокот се упатуваме на факултативна посета на Будва. Слободно време за прошетка и разглед на стариот град Будва - бисерот на Јадранот. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. Крајбрежната област околу Будва, наречена Будванска ривиера, е центар на црногорскиот туризам, познат по својот добро сочуван средновековен град со ѕидови, тесни улички, песочни плажи. голем број на кафичи и ресторани и разновиден ноќен живот. Од Будва се упатуваме кон Порто Монтенегро и Тиват. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус. Од Порто Монтенегро се упатуваме кон Тиват - разглед на прекрасниот Тиват и слободно време за ручек во Тиват. Се враќаме во хотелот во Сутоморе. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (16.02.2025) Недела
- Појадок. Одјавување од собите и се упатуваме кон Бар. Слободно време прошетка и разглед на градот Бар. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА
Понудата вклучува:
- - 2 ноќевања со појадок во хотел Дел Медио 4* и хотел Порто Соле 4* во центарот на Сутоморе
- - Превоз со високотуристички автобус
- - Посета на Бар
- - Туристички водич
- - Организација на патувањето
Понудата не вклучува:
- - Факултативна посета на Херцег Нови - 15 евра
- - Факултативна посета на Будва, Тиват и Портомонтенегро - 15 евра
- - Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице за две ноќевања
- - Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребна е валидчна лична карта додека за влез во Хрватска потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
---|---|---|---|---|
13.02.2025 | 16.02.2025 | Активна | 6138 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |