КАПАДОКИЈА

ВЕЛИГДЕН

Програма

1
Прв ден (17.04.2025) – четврток
    Собир на групата во утринските часови. Заминување кон Турција во 09.00 часот. Се патува преку граничен премин Богородица. Дневно и ноќно патување преку Грција со попатни паузи. Патувањето трае отприлика 24ч.
2
Втор ден (18.04.2025) – петок
    Предвидена подолга пауза пред пристигнувањето на второто по големина солено езеро Туз Ѓолу (Tuz Gölü)
    Пристигнување во Кападокија во пладневните часови, област која е позната по своите релјефни форми од пред десет илјади години по истовременото избувнување на два вулкана (Ерчисе и Хасанда). Оваа област е споменета уште во Библијата. Раните Христијани се населиле во областа за слободно да ја проповедаат својата религија.
    Сместување во хотел. Во договореното време факултативно се поаѓа на традиционална турска ноќ со програма на познатите Дервиши каде имате достапност на алкохол и мезе. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
Трет ден (19.04.2025) – сабота
    Појадок. Факултативен панорамски разглед. Поаѓање за Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО уште од 1984 година. Посета на Црквата Св.Варвара (11.век), Змиската Црква (11.век), Епл Црквата (12.век), Темната Црква (11.век), Сандали Црквата (12-13.век). По манастирскиот комплекс групата се упатува на посета на Зелве. Слободно време за ручек. Посета на глинена – порксалан фабрика, имагинарната и Свети Симон долината. Во попладневдните часови се упатуваме кон Црвената Долина каде ќе бидеме сведоци на најубавото зајдисонце и каде се доживува една од најубавите глетки кои некогаш воопшто сте ги виделе. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
Четврти ден (20.04.2025) – недела
    Појадок. Во договорено време заедно со локален водич одиме на посета на подземниот град Деринкоју, посета на манастирите на Селим, долината на галебите, фабрика за оникс и скапоцени камења. По разгледот се упатуваме во долината на Ихлара. Предвидено враќање назад во хотел во 18ч. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5
Петти ден (21.04.2025) – понеделник
    Рано наутро околу 04:00 часот, можност за факулативен лет со балон на топол воздух над самовилските оџаци на магичното изгрејсонце во Кападокија. Класичната обиколка на оваа туристичка атракција во Централна Анатолија од балон го вклучува разгледувањето на местото Ѓореме од воздух кое целосно е сместено помеѓу карпи, а во кое и денес живеат голем број жители.
    Појадок. По појадокот спакувани и одјавени од хотелот во договореното време тргнување назад за Македонија.

Цената на аранжманот вклучува:

        бесплатен трансфер од Битола, Прилеп и Црна Река

         автобуски превоз на горенаведената релација

         3 ноќевања со појадок во 3* хотел во Кападокија

         пратител за време на патувањето

 

Цената на арнжманот НЕ вклучува:

 

        посета на манастирскиот комплекс Ѓореме, долината Зелве и Црвената Долина со локален водич и превоз – 55 евра по лице

        посета на подземниот град Деринкоју, манастирите на Селим и долината Илхара со локален водич и превоз – 50 евра по лице

 

МОЖНОСТ ЗА ЈАВАЊЕ НА КОЊИ, КАМИЛИ И ЏИП САФАРИ (ДОГОВОР НА ЛИЦЕ МЕСТО)

         едночасовно летање со балон во Кападокија ЦЕНАТА Е ПАЗАРНА ОДНОСНО ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО И БИ СЕ ЛЕТАЛО ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ (ЈАЧИНА НА ВЕТЕР, ВРНЕЖИ И СЛИЧНО)

        турска национална вечер (45 евра по лице)

        патничко осигурување

         индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел