ИСТАНБУЛ 2НП

BLACK FRIDAY

Програма

1
1 ден 29.12.2024 (недела)
    Состанок на групата на дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.
2
2 ден 30.12.2024 (понеделник)
    Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура на Таксим и улицата Истиклал до Галата Кула. Слободно време за индивидуални активности.
    Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
    Во попладневните часови во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници и мала чаршија. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Потоа посета на облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 54тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот.
    Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден 31.12.2024 (вторник)
    Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
    По крстарењето следи посета на најпознатиот дворец во Турција – палатата Долмабахче. Разгледот во оваа палата трае отприлика 1 час. Откако ќе завршиме со разгледот, во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Во договореното време враќање во хотел. Слободно време и во договореното време одиме на ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД – Единствени кои нудиме крстарење на кое имаме можност да бидеме дел од најубавиот и единствениот огномет на Босфорот. Крстарењето трае отприлика 4 часа каде имаме можност да го посетиме Кадикој кој се наоѓа на Азиската страна на градот, преубава чаршија опколена со ресторани, барови, пабови, продавници.... Слободно време за вечера во Кадикој, враќање на бродот за да бидеме дел од дочекот на бродот.
    Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.
4
4 ден 01.01.2025 (среда)
    Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 02.01.2025

BLACK FRIDAY ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 125 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И УПЛАТИ НАПРАВЕНИ ДО 02.12.2024

 

Редовна цена: 149 евра

 

Во цената е вклучено:

- 2 ноќевања со појадок во хотел Taxim Express 4* https://www.taximexpress.com/eng/gallery.html

- Автобуски превоз

- Пешачка тура на плоштадот Таксим

- Посета на трговскиот центар Форум

- туристички пратител за време на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- Патничко осигурување

- трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице

- Индивидуални трошоци

- Факултативни излети:

-          Населбата Ортакој и облакодерот Сафир – 40 евра

-          Крстарење на Босфор - 20 евра

-          Долмабахче палатата – 50 евра

-          Населбата Балат – 15 евра

-          Дочек на Нова Година – 60 евра

 

 НАПОМЕНА:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел  

Дата Од Дата До Статус Цена  
29.12.2024 01.01.2025 Активна 7750 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН