БУДВА
BLACK FRIDAY
Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!
Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.
Програма
Ден 1 – 29.12.2024 (недела)
- Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 30.12.2024 (понеделник)
- Пристигнување во Будва. Во попладневните часови сместување во вили во центарот на Будва. Слободно попладне.
Во вечерните часови, се упатуваме на градскиот плоштад каде што ќе уживаме во организирана предновогодишна забава со Академија бенд, Лексингтон и Харис Џиновиќ. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
Ден 3 – 31.12.2024 (вторник) БУДВА-КОТОР-ПЕРАСТ-БУДВА
- Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Пераст и Котор.
Пераст изгледа како парче од Венеција што пловело по Јадранот и се закотвило во Которскиот залив. Пераст е сместен во подножјето на ридот Свети Илија во Которскиот залив. И покрај тоа што има само една главна улица, овој мал град може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни големи палати. Тивок и величествен – Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора гарантираме дека ќе Ве освои на прв поглед. По посетата на Пераст се упатуваме кон Котор.
Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смеете да го пропуштите. Се наоѓа во затскриен дел на Которскиот залив. Воодушевувачките градски ѕидини говорат за историјата на градот кој и денес зрачи со духот на антиката, изграден помеѓу 12 и 14 век. Од 1979 година стариот град Котор е на списокот на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Тој е дом на бројни знаменитости, како што е катедралата Свети Трифун во стариот дел на градот, изградена во 1166 година и античките ѕидини кои се протегаат на 4,5 километри директно над градот и водат до тврдината Свети Иван. Котор претставува една од најпопуларните туристички дестинации во Црна Гора, а рекордна посетеност забележа во 2019 година кога имало над 250.000 туристи. Стариот град всушност е најпознатиот дел на Котор, каде се зачувани которската историја, култура и традиција, а посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи.
Во попладневните часови враќање во Будва. Слободно време. Во договорено време се упатуваме кон градскиот плоштад, каде што ќе уживаме во богатата програма предвидена за дочек на Нова Година заедно со The Grupa, Ангелина и Владо Георгиев. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
Ден 4 – 01.01.2024 (среда) БУДВА-ДУБРОВНИК-БУДВА
- Ден предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Враќање во Будва и во договорено време упатување на градскиот плоштад на реприза на Нова Година каде ќе настапува Дино Мерлин.
Ден 5 – 02.01.2024 (четврток) БУДВА-ТИВАТ-СКОПЈЕ
- Последниот ден е предвиден за факултативна посета на Порто Монтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. Слободно време за ручек во Тиват.
Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.
BLACK FRIDAY ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И УПЛАТЕНИ ДО 02.12.2024!
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета на Дубровник - 30 евра
- Факултативна посета на Пераст и Котор – 15 евра
-Факутлативна посета на Портомонтенегро и Тиват– 10 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса 8€ по лице за сите ноќевања
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 3000ден од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
---|---|---|---|---|
29.12.2024 | 02.01.2025 | Активна | 6138 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |