Куќа “Makis”
ПРВ КРАК
22 % попустзаклучно со 06.12.2025 (сабота) за 50 % уплатаведнаш и целосна доплата заклучно со 10.01.2026 (сабота)
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Макис”е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.
1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр.2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1/4 мезонет бр.3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.
1. Вонсезонски цени
|
Ноќевања |
1/4 мезонет задолжително плаќаат 2 лица |
|
|
17/05-24/05 |
7 |
79* |
|
24/05-31/05 |
7 |
99* |
|
31/05-07/06 |
7 |
159 |
|
07/06-14/06 |
7 |
189 |
|
14/06-21/06 |
7 |
249 |
|
21/06-28/06 |
7 |
259 |
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
(задолжително плаќаат 2 лица)
Цените означени со * се ПРОМО цени, на иститите не следува попуст и не се одбива превоз
2. Сезонски цени
|
Термин |
Ноќевања |
1/4 мезонет |
|
28/06-05/07 |
7 |
599 |
|
05/07-12/07 |
7 |
649 |
|
12/07-19/07 |
7 |
699 |
|
19/07-26/07 |
7 |
699 |
|
26/07-02/08 |
7 |
769 |
|
02/08-09/08 |
7 |
769 |
|
09/08-16/08 |
7 |
769 |
|
16/08-23/08 |
7 |
699 |
|
23/08-30/08 |
7 |
699 |
Цените во табелата се однесуваат за наем на мезонет за 7 ноќевања без превоз
3. Вонсезонски цени
|
Термин |
Ноќевања |
1/4 мезонет задолжително плаќаат 2 лица |
|
30/08-06/09 |
7 |
269 |
|
06/09-13/09 |
7 |
239 |
|
13/09-20/09 |
7 |
169 |
|
20/09-27/09 |
7 |
99* |
Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице
(задолжително плаќаат 2 лица)
Цените означени со * се ПРОМО цени, на иститите не следува попуст и не се одбива превоз
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
· ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТ ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
· За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
· За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
· Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
· ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
· ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
· Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
· ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ обележани со * не подлежат на попусти истите се непроменливи (за сопствен превоз цената не се намалува).
· Во мезонет дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
· Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
· Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
· Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
· Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
· Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
· Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
· Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
· Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
· Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
· Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
· Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
· Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
· За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
· Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по мезонет.
· Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Идеал Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
· Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
· Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Идеал Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
· Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
· Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
· Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
· Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Идеал“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
· Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
· Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
· Скопје – хотел ‘Russia’
· Куманово – БП Макпетрол (автопат)
· Велес - БП Макоил
· Неготино – БП Макпетрол Неготино
· ГП Богородица




Translate