ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-ТРСТ-ВИЧЕНЦА-ПАДОВА

НОВА ГОДИНА

Програма

1
Прв ден – 29.12 (недела) – СКОПЈЕ – ИТАЛИЈА
    Состанок на групата на паркингот на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
Втор ден – 30.12 (понеделник) – ТРСТ – ПАЛМАНОВА
    Пристигнување во Трст во утринските часови. Следува мал разглед на градот во кој има микс на различни култури поради граничењето со Словенија и поради тоа дека долги години бил дел од Австр-унгарската империја. Добрата клима е причина да се посети овој град. По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање према хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
3
Трет ден – 31.12 – (вторник) – ВИЧЕНЦА – ПАДОВА – ВЕРОНА
    По појадокот се упатуваме кон градот Виченца, град познат по славниот архитект Паладиа, кој со своите дека обележал цела епоха на градителството, на таканаречениот паладијански стил од 16 век. На целата територија на градот има вкупно 23 негови дела. УНЕСКО ја става Виченца на својата листа на заштита, токму поради неговите потфати. Следува прошетка и разглед: Базиликата Паладиана, плоштадот Piazza dei Signori – катедралата Santa Maria Annunziata – кула со часовник, – Teatro Olimpico. Слободно време за прошетка, кафе и индивидуални активности.

    Потоа се упатуваме кон студентскиот град Падова, кој е сликовит град со густи улици, чии аркади се поврзани со големите градски плоштади. Град кој е спој на историјата и модерното време. Следува разглед на централниот дел на градот: базиликата Антоние Падовански, црквата Свети Антоние, Prato della Valle, корзото и плоштадот Кавур… Градот ќе ве воодушеви со своите бројни плоштади, кафулиња, ресторани. Слободно време. Следува враќање во хотел и подготовка за поаѓање кон Верона за дочекот на Новата година.

    Во договорено време, групата се чека на рецепцијата на хотелот и потоа се упатуваме кон градот на љубовта – Верона. Градот на Ромео и Јулија, ќе ве освои. Прошетката започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија (бидејќи ќе биде ноќна посета куќата ќе биде затворена и не е предвидено влез во дворот).
    По официјалниот дел од програмата, следува слободно време за истражување на градот, кој целиот е украсен во новогодишен амбиент и секако дочек на новата година на кај Арената на Верона со спектакуларен огномет.

    Во договорено време враќање во хотел и ноќевање.
4
Четврт ден 01.01 – (среда) – ВЕНЕЦИЈА
    По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на најпознатиот град на вода: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 02.01.2025 (четврток).

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра со задолжителна резервација на пакет на факултативи од 75 евра по лице

РЕДОВНА ЦЕНА: 20евра

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* 
во областа Венето
Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Посета на Виченца, Падова и Верона (дочек на Нова година на плоштад) – 50 евра

Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич  – 30 евра
- Патничко осигурување - 350 денари по лице 
Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 евра по лице од ден 
- Задолжителна такса за влез во Венеција 5 евра по лице, се плаќа на лице место

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

 

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел   

Дата Од Дата До Статус Цена  
29.12.2024 01.01.2025 Активна 11098 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН