СВЕТСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ

Програма

1
14.01.2025 (Вторник) Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Загреб-Вараждин
    Поаѓање во 19:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Вараждин, Хрватска.
    Попатно Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија.
    Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Вараждин.
2
15.01.2025 (Среда) Вараждин - Загреб - ден за навивање
    Пристигнување во Вараждин предпладне. Слободно време. Превземање на собите околу 14:00 часот (се однесува на патниците сместени во Вараждин, патниците сместени во Загреб ќе се сместат по завршување на натпреварите) Време за одмор и слободни активности. Пред натпреварот можност за организиран престој во фан зоната. Заминување за следење на ракометните натпревари во Спортската сала во Вараждин (Arena Varazhdin).
    18:00ч – Холандија - Гвинеја
    20:30ч – Македонија - Унгарија
    По натпреварите поаѓање кон Загреб и сместување. Ноќевање.
3
16.01.2025 (Четврток) Разглед на Загреб - Посета на Љубљана и шопинг
    Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Загреб со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот) - пешачка тура. Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути). Околу 11:30 завршуваме со разгледот на Загреб, слободно време или можност за факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот.
    Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време.
    Во договорено време поаѓање кон трговскиот центар (BTC City Ljubljana), слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање кон Загреб/Вараждин. Ноќевање.
4
17.01.2025 (Петок) Загреб-Вараждин - ден за навивање
    Во договорено време организрано поаѓање кон Вараждин и упатување кон фан зоната. Слободно време за индивидуални активности и следење на натпреварите
    18:00ч – Холандија - Македонија
    20:30ч – Гвинеја - Унгарија
    По завршувањето на натпреварите поаѓање кон Загреб со организиран превоз. Ноќевање.
5
18.01.2025 (Сабота) Загреб/Вараждин - Крапинске Топлице
    Ден за излети или индивидуално слободни активности.
    Целодневен престој на Крапинске Топлице (СПА, Аква парк, топли базени, сауни).
    Ноќевање.
6
19.01.2025 (Недела) Загреб - Вараждин - Македонија
    Одјавување од сместувачките капацитети. Во договорено време поаѓање со организиран превоз кон Вараждин, се упатуваме кон фан-зоната. Време за индивидуални активности.
    Во договорено време се упатуваме кон (Varazhdin Arena) и следење на натпреварите:
    18:00ч – Македонија - Гвинеја
    20:30ч – Унгарија - Холандија
    По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
7
20.01.2025 (Понеделник) Македонија
    Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.