СВЕТСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ
Сместување: Хотел „Вараждин “3*
линк од сместувањето : https://hotelvarazdin.com/
Соба за 1 лице со појадок - 559 €
Соба за 2 лица со појадок - 489 €
Соба за 3 лица со појадок - 2 лица плаќаат по 489 € трето лице плаќа 469 €
(цената е по лице за сместување во двокреветна/четворокреветна соба)
Категорија Хотел
Пријавување по 14;00 часот
Одјавување пред 11:00 часот
Хотелот Вараждин 3* е отворен во август 2007 година. Благодарение на добрата локација, а пред се на високото ниво на услуга, тој се разви во препознатлив. Се наоѓа недалеку од центарот на градот, во непосредна близина на железничката станица. 30 модерни и елегантно уредени соби овозможуваат атмосфера на пријатно опкружување, што е гаранција за квалитетен престој.
Бесплатен интернет пристап, клима во сите соби, паркинг места за гостите. Во уникатна атмосфера, професионалниот и пријателски персонал ќе ги исполни сите очекувања да го направи вашиот престој во нашиот хотел незаборавен.
Хотелски сорджини:
Ресторан
Финска сауна
Бесплатен интернет (wi-fi)
Кафуле – со затворен и отворен дел (дозволено е пушење)
Сервис за перење и пеглање
Сеф на рецепција
Сала за состаноци
Продавница за сувенири
Изнајмување велосипед
Паркинг
Сместување
31 модерна и елегантно уредена соба
Клима уред со индивидуална контрола
Бесплатен интернет пристап
Телефон
Сателитска телевизија
Фен
Минибар
Соби за непушачи
Во цената Е вклучено:
Превоз со високо–туристички автобус
Поаѓања од:
Битола 19:00ч (Автобуска Транскоп)
Прилеп 19:40ч (бензиска пумпа Лукоил);
Велес 21:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 22:00ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC до хотел Континентал);
Куманово 23:15ч (бензинска пумпа Макпетрол)
Сместување (4 ноќевања со појадок) во хотел Вараждин 3*
Блок билети за сите 3 натпревари од група каде што игра Македонија.
Безжичен интернет
Клима уред
Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Доплата за превоз од Струга, Охрид, Ресен 10Є по лице ( во два правци )
Факултативните излети и посети (се реализираат со минимум 25 платежни патници)
Разглед (запознавање) на Загреб со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот)
Факултативна посета на Љубљана ( 16.01.2025 во 12:00 часот)
Факултатвна посета Крапинске Топлице (18.01.2025)
Патничкото осигурување
Личен трошок на патникот.
Важно:
За недолично, непристојно и некултурно однесување на патникот во автобусот, на гранични премини, во спортската сала, во сместувачките капацитети, на факултативните екскурзии и за цело време на аранжманот одговорноста и санкциите се на трошок на самиот патник.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програма.
Патничкото осигурување е задолжително (одговорноста е на патникот)
Програма
14.01.2025 (Вторник) Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Загреб-Вараждин
- Поаѓање во 19:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Вараждин, Хрватска.
Попатно Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија.
Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Вараждин.
15.01.2025 (Среда) Вараждин - Загреб - ден за навивање
- Пристигнување во Вараждин предпладне. Слободно време. Превземање на собите околу 14:00 часот. Време за одмор и слободни активности. Пред натпреварот можност за организиран престој во фан зоната. Заминување за следење на ракометните натпревари во Спортската сала во Вараждин (Arena Varazhdin).
18:00ч – Холандија – Гвинеја
20:30ч – Македонија –Унгарија
По натпреварите враќање во хотелот. Ноќевање.
16.01.2025 (Четврток) Разглед на Загреб - Посета на Љубљана и шопинг
- Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Загреб со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот) - пешачка тура. Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути). Околу 11:30 завршуваме со разгледот на Загреб, слободно време или можност за факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот.
Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време.
Во договорено време поаѓање кон трговскиот центар (BTC City Ljubljana), слободно време за шопинг. Во договорено време враќање во хотелот. Ноќевање.
17.01.2025 (Петок) Загреб-Вараждин – ден за навивање
- Појадок. Во договорено време организрано поаѓање кон фан зоната. Слободно време за индивидуални активности и следење на натпреварите.
18:00ч – Холандија – Македонија
20:30ч – Гвинеја – Унгарија
По завршувањето на натпреварите враќање во хотелот. Ноќевање.
18.01.2025 (Сабота) Загреб/Вараждин - Крапинске Топлице
- Појадок. Ден за излети или индивидуално слободни активности.
Целодневен престој на Крапинске Топлице (СПА, Аква парк, топли базени, сауни).
Ноќевање.
19.01.2025 (Недела) Загреб - Вараждин - Македонија
- Појадок. Одјавување од хотелот. Во договорено време поаѓање кон фан-зоната. Слободно време. Во договорено време се упатуваме кон (Varazhdin Arena) и следење на натпреварите:
18:00ч – Македонија - Гвинеја
20:30ч – Унгарија – Холандија
По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
20.01.2025 (Понеделник) Македонија
- Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.