Планината Ртањ и најпознатата бања Сокобања

ЕДНОДНЕВНИ АРАНЖМАНИ

Програма

1
17.04.2024 (недела)
    Собир на групата на Дрводекор во 03:45 ч. Тргнување кон Ртањ во 04:00. Можност за земање патници и од Куманово во 04:30. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    Пристигнување во ‘Ртањ. Феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Прошетка и разглед на ’Ртањ и прва од двете посети на местото кое е познато по космичката енергија- “Светилиште” и е единствено во Европа. Запознавање со планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа.

    Во договореното време упатување кон Сокобања. Зеленото срце на Србија. Слободно време за прошетка и ручек. Во договореното време тргнување кон Македонија.

    Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

НАПОМЕНА:

 

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.

- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.

- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.

- Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)

- За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.

- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.

- Примателот на услугата е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.

- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е  должен да ги чека истите.

- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ

Дата Од Дата До Статус Цена  
14.04.2024 14.04.2024 Активна 1700 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН