БУДИМПЕШТА

НОВА ГОДИНА

Програма

1
28.12.2024. 1 Ден. Скопје - Будимпешта
    Состанок на групата во 18:00ч на Дрводекор. Заминување за Будимпешта во 18:30. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2
29.12.2024. Ден. Будимпешта
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер и објаснување на водичот. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
30.12.2024 Будимпешта - Виена
    Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4
31.12.2024. Ден Естергом - Вишеград - Ст. Андреа
    Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Во договореното време групата се упатува на посета на живописното градче Ст. Андреа – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта. Вечерта е предвидена за дочек Нова Година. Во договореното време групата со автобусот се упатува кон плоштадот каде ќе има богата програма со фантастичен огномет. Можност за индивидуална забава во околните барови и ресторани. Во договореното време враќање во хотел. Ноќевање.
5
01.01.2025 Будимпешта – Скопје
    Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки. Во договореното време поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01.2025

ПРОМО ЦЕНА: 209 евра со задолжителен пакет факултативи 115 евра по лице

РЕДОВНА ЦЕНА: 249 евра

 

-   ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на дадените дестинации,
- Три ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра

- Крстарење со брод по Дунав - 25 евра
- Целодневен излет Ден Естергом - Вишеград - Ст.Андреа – 40 евра
- Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
- Патничко осигурување-300 денари
Задолжителна туристичка такса - 2.5€ по лице по ноќевање

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

 НАПОМЕНА:

-   - За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-   - Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-   - За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-   - За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-   - За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

-   - Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-   - Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-   - Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-   - За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

Дата Од Дата До Статус Цена  
28.12.2024 01.01.2025 Активна 12958 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН