ВИЛА AVRAMIDIS
ТРЕТ КРАК - АТОС
80 мeтри од ПЛАЖА
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Во местото има супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “АВРАМИДИС“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 80 метри од плажа. Секое студио и апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер,решо со две рингли,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.
12% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.11.2024!
10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 30% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 16.11.2024 !
Ценовник
ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (30.05; 06.06; 05.09 и 12.09.2025)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ
КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
- -За пакет аранжманот во СТУДИО или ДУПЛЕКС потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто или петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице. - ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
- 50 € за возрасни – повратна карта
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 35 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште; - 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
НАПОМЕНИ:
- – Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и ДУПЛЕКСОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ). - АПАРТМАНИТЕ:
ИМААТ КРПИ ;
ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД | ||
Град | Место на тргнување | Време |
Куманово | Бензинска пумпа Макпетрол | 03:15 часот наутро |
Скопје | Спортска сала Борис Трајковски | 04:00 часот наутро |
Велес | Мотел Македонија бенз.Мак.Оил | 04:30 часот наутро |
Кочани | Основен Суд | 03:15 часот наутро |
Штип | Нова Пошта | 04:00 часот наутро |
Неготино | Бензинска пумпа Макпетрол | 05:00 часот наутро |
Гевгелија | Бензинска пумпа Окта-Шимов | 06:00 часот наутро |
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА | ||
Прилеп | Бензинска пумпа Лукоил | 04:00 часот наутро |
Битола | Спортска сала | 03:15 часот наутро |