МЕТЕОРИ И ТРИКАЛА

ЕДНОДНЕВНИ АРАНЖМАНИ

Програма

1
НЕДЕЛА
    Состанок на групата на Дрводекор во 02:45 часот, поаѓање кон Трикала во 03:00 часот.
    Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    Пристигнување во утринските часови во областа Каламбака, каде гордо се издигнуваат Метеорите – еден од највпечатливите природни и духовни феномени во светот, под заштита на UNESCO. Посета на едно од познатите манастирски комплекси, каде ќе можете да уживате во неверојатниот поглед, да дознаете повеќе за историјата и монашкиот живот, и да направите фотографии од оваа величествена карпа–светилиште.

    По разгледот на Метеори, патувањето продолжува кон Трикала, волшебно место каде што се чувствува магија за време на Божиќните празници. Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните.

    Поаѓање од Трикала кон Македонија во 18:00 часот (локално време).

Цена по лице 2000 мкд

Цена за деца до 12год: 1800мкд



Датуми на планирани посети:

23.11.2025 - НЕДЕЛА

30.11.2025 - НЕДЕЛА

07.12.2025 - НЕДЕЛА

14.12.2025 - НЕДЕЛА

21.12.2025 - НЕДЕЛА

28.12.2025 - НЕДЕЛА 

 

 

Напомени:

ВЛЕЗНИЦА ВО МЕТЕОРИ 5€, задолжително носење на здолниште за влез во манастирите бидејќи истата е со наплата

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 50 патници. Во случај на недоволен број на пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже во целост патувањето 1 ден пред да започне истото.

- Организаторот на патувањето не е одговорен за подолгите задржувања на граница и гужвите во сообраќајот кои претходно неможат да бидат предвидени.

- Организаторот на патувањето не е одговорен за временските услови во текот на патувањето како и во местото за посета.

- Од моментот на резервација до 3 дена пред тргнување патникот може само да направи промена на резервација односно да промени термин за истиот вид на патување (доколку има места)

- За отказ или промена од 2 дена до пред тргнување агенцијата го задржува правото на задршка на 100% од аранжманот.

- Организаторот на патувањето не одговара и не надоместува материјална штета доколку патната исправа или лична карта е истечена или заборавена.

- Патникот е должен да ги почитува правилата издадени од страна на возачот и водичот за однесувањето во автобусот.

- Организаторот на патувањето не одговара за доцнењето на патниците, и не е должен да ги чека истите.

- Со уплатата Вие во целост сте согласни со горенаведените Општи услови.

- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ

 

 

Дата Од Дата До Статус Цена  
28.12.2025 28.12.2025 Активна 2000 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН
21.12.2025 21.12.2025 Активна 2000 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН
14.12.2025 14.12.2025 Активна 2000 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН