МАДРИД И БАРСЕЛОНА
АВИО
БАРСЕЛОНА - космополитски град на Средоземното Море, препознатлив по уникатната архитектура на Гауди, живата уметничка сцена и долгите песочни плажи. Со спојот на каталонската традиција и модерен дух, градот нуди незаборавно доживување во текот на целата година.
САРАГОСА – историски град сместен на бреговите на реката Ебро, познат по импозантната базилика Ел Пилар – еден од најзначајните симболи на Шпанија. Градот нуди уникатна мешавина од римско наследство, маварска архитектура и жив современ ритам.
МАДРИД - живописната престолнина на Шпанија, град кој совршено ги спојува кралската традиција, богатата уметност и модерниот урбан дух. Познат по светските музеи, елегантните булевари и динамичниот ноќен живот, Мадрид нуди незаборавно искуство за секој посетител.
ТОЛЕДО - еден од највпечатливите историски градови во Шпанија, познат како „градот на трите култури“, каде со векови се испреплетувале христијанската, муслиманската и еврејската традиција. Со своите тесни улици од калдрма, средновековни ѕидини и величествената катедрала, Толедо нуди автентично патување низ шпанската историја.
Програма
1 ДЕН
- Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред време за лет. Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18.00 ч. Пристигнување во 20.50 ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување. Ноќевање.
2 ДЕН
- Појадок. Организиран разглед на Барселона со посета на Mirador de Colom, главниот градски булевар Las Ramblas, Olympic Marina, Sagrada Familia и стадионот Camp Nou. Попладнето следува прошетка по елегантниот булевар Passeig de Gràcia и плоштадите каде се наоѓаат најпознатите светски брендови, како и некои од најубавите вили во градот со уникатна архитектура: Casa Milà, Majestic Hotel, Casa Batlló, Casa Amatller и Casa Lleó i Morera.
Посета на Plaça de Catalunya, Готскиот кварт, Plaça de la Seu и катедралата Saint Eulalia. Патувањето продолжува кон Сарагоса, со пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН
- Појадок. Организиран панорамски разглед на еден од најзначајните градови во Шпанија – Сарагоса. Разгледот започнува со пешачка тура низ Macanaz Park, сместен на брегот на реката Ебро, со преминување преку монументалниот мост Puente de Piedra. Следува посета на Plaza del Pilar, каде се наоѓа познатата базилика Nuestra Señora del Pilar, како и катедралата La Seo (El Salvador). Подоцна се посетува музејот на Франциско Гоја. Во попладневните часови поаѓање кон Мадрид, главниот град на Шпанија. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН
- Појадок. Организиран разглед на Мадрид. Се посетуваат авениите Gran Vía и Paseo de la Castellana, Plaza de España, Puerta del Sol и Puerta de Alcalá, паркот El Retiro, Plaza de Oriente, Plaza Mayor, како и историските плоштади Puerta de la Ópera, Ramales и Sacramento, и Plaza de Colón. Разгледот продолжува со посета на Кралската палата (разглед од надвор). Програмата завршува со посета на стадионот Santiago Bernabéu. Ноќевање.
5 ДЕН
- Појадок. Организирана посета на Толедо во траење од 1 час. Посета на најзначајните градски споменици: Toledo Cathedral, Alcázar Fortress, Puerta de Bisagra, Puente de San Martín, Mirador del Valle, музејот на дамаскинот (Damasquinados Museum) и музејот El Greco. Трансфер до аеродром. Директен лет Мадрид – Скопје, поаѓање со авиокомпанијата WIZZ AIR во 21.25 ч. Пристигнување во Скопје во 00.55 ч.
ТЕРМИН: 26.09-30.09.2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 499 ЕВРА
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Авио билет на релација Скопје – Барселона - Мадрид - Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж со димензии 40x30x20
- 4 ноќевања со појадок - 1 ноќ Барселона, 1 ноќ Сарагоса, 2 ноќи во Мадрид.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
НАПОМЕНА :
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај, програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
ОПШТИ УСЛОВИ:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate