БУДИМПЕШТА-ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА
8 ДЕКЕМВРИ
Во празничниот период, Будимпешта се претвора во вистинска божиќна бајка. Осветлените плоштади, мирисот на варено вино и традиционалните празнични специјалитети, украсените улички и божиќните штандови создаваат неповторлива атмосфера која го освојува секој посетител.
Позната како „Кралицата на Дунав“, Будимпешта плени со својата прекрасна архитектура, романтичните мостови, широките булевари и живописните улички. Градот настанал во 1873 година со обединувањето на Будим, Обуда и Пешта, а денес е еден од најубавите и најпосетуваните градови во Централна Европа.
Будимпешта во Декември е совршена комбинација од култура, архитектура, празнична магија и незаборавна зимска атмосфера.
Програма
1 ден 04.12.2026 петок СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
- Состанок со групата на Дрводекор во 17.30 часот, тргнување во 18:00 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 05.12.2026 сабота БУДИМПЕШТА
- Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 06.12.2026 недела БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
- Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4 ден 07.12.2026 понеделник БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ
- Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 08.12.2026 (вторник).
ПРОМО ЦЕНА: 179 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 85 ЕВРА! (екскурзиите се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА: 209 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на наведената релација
- Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Дреново (Макпетрол) и Велес
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра
- Крстарење со брод по Дунав - 25 евраПосета на
- Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
- Посета на Сент Андреа -15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА)
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање – се плаќа во автобус
- Патничко осигурување
- За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
- Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
| Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
|---|---|---|---|---|
| 04.12.2026 | 07.12.2026 | Активна | 11098 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |




Translate