Зошто да го посетите езерото Комо?
БЛОГ
Џорџ Клуни, Мадона и Донатела Версаче се само дел од светските ѕвезди кои поседуваат имот (најчесто луксузни вили) на една од најпопуларните дестинации во Италија, езерото Комо.
А причината зошто токму таму, е едноставна: неверојатна природа и фасцинантни пејсажи до недоглед.
Шармантниот град Комо е лоциран на јужната страна на истоименото езеро, кое пак се наоѓа на само 40-на километри од Милано.Езерото пак е сместено во подножјето на прекрасни планини што го прави атрактивна дестинација и во зимската сезона, особено за оние кои ги обожуваат зимските спортови.
Но, не е изненадување ако кажеме дека Комо е најатрактивен во лето, кога има и најголем број туристи. Ако пак сте љубител на помирен одмор, без гужва, тогаш идеален период да го посетите е есента, кога природата е обоена во сите земјени тонови и тогаш пејсажите блескаат со некоја посебна магија.
Доколку ве фасцинираат токму пејсажите, не смеете да пропуштите да се качите на жичарата Como—Brunate и да го искусите најубавиот поглед на градот и езерото. Ако пак сте расположени за шетање, може да одите на прошетка во правец на светилникот и на секој чекор да ја набљудувате вонземската природа околу вас. Честопати, туристите овде со брод ја посетуваат и познатата вила „Villi del Balbaniello" која е една од локациите каде е снимен филмот „Casino Royale".Погледнете ги и фотографиите во продолжение, кои сигурно ќе бидат доволна причина во листата на следни дестинации што ќе ги посетите, да го сместите и езерото Комо.