Магичните замоци на Романија
БЛОГ
Кога ќе помислите на Романија , неимено помислувате на Трансилванија и сите приказни за Дракула и тој регион . Замоците во овој регион се големи , раскошни и се обиколени со големи зелени површини.
Ако се прашувате за тоа колку замоци има во Романија , може да се каже дека има над 100. Романија е одлична дестинација доколку сте љубител на историја. Многу од замоците се заштитени од УНЕСКО и се опкружени со мали села , ридови и архитектура која датира од Саксонско време.
Во продолжение ви препорачуваме да ги погледнете следниве замоци :
1.Замокот Бран
Без сомнеж најпознатиот замок во Романија ! Замокот Бран или замокот на Дракула е туристичка атракција поради легендите кој го обиколуваат.
2.Замокот Пелеш
Овој замок не е најголемиот во Романија , меѓутоа е најубавиот со сигурност . Внатрешноста на замокот обилува со раскош и артифакти од целата планета Земја .
3. Цитаделата Раснов
Овој замок е еден од многуте во Трансилванија изграден за да го брани регионот од Отоманите . Легендата вели дека овој регион не мал вода , па поради тоа двајца заложници од Отоманската Империја копале бунар цели 17 години.
4. Замокот Корвин
Замокот Корвик иако на изглед изгледа како од бајките тој има мистериозна позадина. Во овој замок Влад Дракула бил чуван како заложник од страната на Отоманите , и е поврзан со легендарната приказна за Дракула.
5.Замокот Струџа
Доколу барате романтично место , Замокот Струџа е токму за вас ! Замокот е обиколен со бујни зелени пејсажи од дрвја стари со векови и мирно и тивко езеро .