Топ 5 предлог работи во Будимпешта
БЛОГ
Будимпешта
Град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Будимпешта е главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар.
Будимпешта во наша организација е избор на голем број патници веќе неколку години. А за сите оние кои допрва го планираат своето патување тука, подгротвивме листа со ТОП 5 ПРЕДЛОГ РАБОТИ ВО БУДИМПЕШТА.
Крстарење по Дунав
Неверојатно искуство за паметење кое не смеете да го пропуштите, реката Дунав е многу долга река, па така овие крстарења ви нудат еден сосема поинаков разглед. Не се сомневаме дека ќе уживате во обединувањето на природата, забавата, историјата и културата.
Плоштадот на хероите
Работа која мора да ја посетите во Будимпешта е токму плоштадот на хероите. Овој плоштад е лоциран на крајот од стилската Andrassy авенија каде ќе можете да пронајдете и многу дизајнерски продавници за гардероба, ексклузивни брендови, прекрасни театри и книжарници.Веднаш зад плоштадот ќе можете да го видите и прекрасното езеро кое замрзнува во текот на зимата, спа центрите и секако една од најубавите зоолошки градини.
Локални ресторани
Сигурно до сега имате чуено за унгарскиот гулаш, но ако до сега не сте го пробале тоа морате да го направите за време на вашата посета во Будимпешта. Освен храната, како посебен симбол тука се истакнува и виното во кое со задоволство ќе уживате, како и разните слатки ликери. Посетете ја Great Market халата во која ќе си ги разгалите сетилата вкусувајќи најразлични вкусови на храна, вино, зеленчук, ликери и секако сето тоа заедно со фолклорната уметност.
Време за шопинг
Ако обожавате шопинг тогаш ќе ја обожавате и Будимпешта. Освен оние добро познати продавници и бутици во кои можете да пронајдете сѐ и сешто, одлична вест за сите шопингхоличари е тоа што во овој град во текот на целата година се организираат најразлични панаѓури и настани на кои можете да си купите интересни и несекојдневни работи.Затоа за секој случај понесете си уште еден празен куфер со себе, бидејќи тука ќе видите многу познати унгарски дизајнерски парчиња гардероба и секако уникатни уметнички дела.
Град на уметност
Будимпешта е градот на уметноста, па никако не смеете да пропуштите да разгледате барем неколку од најпознатите музеи кои се дел од овој град, особено „Унгарската Национална Галерија”. Доколку имате шанса да отидете во Будимпешта на пролет, никако не пропуштајте го тоа.Во пролетната сезона, се одржува познатиот фестивал „Ноќта на музеите”, тогаш музеите работат во текот на целата ноќ, па сè до раните утрински часови. Тогаш ќе ја имате таа единствена можност да бидете сведоци на едно оживување на музејските вредности.