ПРОЛОМ БАЊА - ХОТЕЛ РАДАН

8 ДЕКЕМВРИ

Програма

1
1.Ден 05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
    Состанок на групата во 05.30 часот на дрводекор. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со со попатни паузи за одмор и царински формалности.. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во хотел Радан. Ручек. Слободно попладне за одмор и уживање во услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2
2.Ден 06.12.2026 (недела) ПРОЛОМ БАЊА
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на СПА центарот на хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и коеристење на СПА. Вечера. Ноќевање.
3
3.Ден 07.12.2026 (недела) ПРОЛОМ БАЊА – ЃАВОЛА ВАРОШ
    Појадок. Доколку дозволат временските услови предлагаме факултативен разглед и посета на ѓаволскиот град Ѓавола Варош. Во пладневните часови враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности и можност за користење на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
4
4.Ден 08.12.2026 (понеделник) ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот доколку дозволат временските услови организирана пешачка посета на Црквата Лазарица една од ретките црква брвнара со интересна и специфична приказна. По враќањето напуштање на хотелот и заминување кон Македонија преку граничен премин Блаце. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. (Доколку има патници од Куманово ќе бидат дополнително трансферирани)

Промо цена на аранжманот – 225 EUR по лице

Редовна цена на аранжманот – 249 EUR по лице

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадената дестинација
  • 3 ноќевања на услуга полн пансион (појадок, ручек и вечера) во Хотел Радан
  • Користење на спа центар, базените во склоп на хотелот со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања
  • Користење на теретана и фитенс центар
  • Пешачка посета на црквата Лазарица
  • Пратител за време на патувањето
  • Туристичка такса

 

Во цената не е вклучено:

  • Посета на Ѓавола Варош (ѓаволскиот град) со локален водич и автобуски превоз – 5 евра
  • Патничко осигурување
  • Индивидулани трошоци

 

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 45 евра
  • Дете до 6,99 со двајца возрасни на дополнително легло (фотеља на спуштање) плаќа само превоз 30 евра
  • Дете од 7 до 11,99 со двајца возрасни на дополнително легло (фотеља на спуштање) плаќа 50% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           
Дата Од Дата До Статус Цена  
05.12.2026 24.09.2026 Активна 13950 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН